Македонија

Јавноста му се потсмева на Пендаровски за гафовите

Јавноста му се потсмева на Пендаровски за гафовите

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски очигледно не следи политика. Според гафовите кои ги направи пред неколку дена, овој универзитетски професор нема ниту елементарно познавање од внатрешна и надворешна политика, објави порталот Курир.

pendarovskii_1

Затоа, тој деновиве стана мета за потсмев низ социјалните мрежи, а граѓаните зачудени од неговото однесување јавно го прашуваат „Професоре, дали знаете што зборувате“?

Да бидат иронијата и срамот поголеми, Пендаровски не направи утка во презентирањето на еден податок со став, туку во неколку.

pendarovskiii_2

На партиската трибина во Охрид, Пендаровски  стави дамка на сето она што го сработил како политичар.

Еден човек кој поднел кандидатура за претседател и го убедувал народот да гласа за него, не смееше да си дозволи ваков настап.

pendarovskiii_3

Последен пример за ваков потсмев на социјалните мрежи беше Артан Груби кој покажа дека нема ни тронка познавање од историја.

Откако пратеникот и шеф на кабинетот на ДУИ, се сликаше пред погрешен споменик во Скопје, не стивнуваа коментарите и исмејувањата на негова сметка.

ggrubiiiii

Сликата од пред споменикот на Методија Шаторов- Шарло за кој Груби мисли дека е на Неџат Аголи е меѓу најпопуларните постови на социјалните мрежи и од неа веќе се прават смешни фотомонтажи.  Пендаровски стана новиот Артан Груби на социјалните мрежи.

Порталот Курир деновиве исто така објави уште еден текст со наслов: „Пендаровски по катастрофалниот пораз на изборите престанал да следи политика“.

Пендаровски на трибина во организација на СДСМ во Охрид изјави дека на последниот Самит во Белград од страна на сите земји учеснички имало конкретни проекти, освен од нашата делегација предводена од премиерот Никола Груевски.

-На последниот Самит во Белград на земјите од Централна и Источна Европа со НР Кина – велесилата во економска смисла, учествуваа 16 премиери. Од сите страни имаше конкретни проекти што сакаат тие да направат со таа велесила, а нашите заминаа по инвестиции во Саудиска Арабија, која може да извезува само две работи – нафта и вахабизам, рече Пендаровски.

Сепак, фактите покажуваат нешто сосема друго и дека претседателкиот кандидат на СДСМ е целосно во „аут“. Груевски во Белград имаше конкретни проекти, беше на средба на 17 премиери и имаше свое обраќање. Македонскиот премиер имаше посебни средби со кинескиот, српскиот и унгарскиот премиер.

pendarovskii_4

Македонија во Белград потпиша договор за царинско олеснување со Кина, Србија и Унгарија, а на средбата со кинескиот премиер како што беше известено станало збор за конкретни проекти од инфраструктурата, туризмот, енергетиката, инвестиции во нашата земја. Груевски по средбата со кинескиот колега Ли Кечијанг изјави дека две кинески компании се серозно заинтересирани за изградба на голема кланица и цементрарница во Македонија, а постои и интерес за реализација на енергетски проекти.

– На средбата ги реафирмиравме проектите што ги отворивме минатата година од кои едниот е градба на голема фарма и кланица за која оттогаш до сега голема кинеска компанија дојде три пати во Македонија и ги разгледуваше сите можности. Прават анализи и засега се со позитивен впечаток, но останува да видиме дали ќе дојде до финализирање. И лани, а особено сега покажаа огромен интерес за градба на цементарница. Премиерот побара и да се забрзаат разговорите околу тоа, изјави премиерот Груевски по билатералната средба, нагласувајќи дека се заблагодарил за поддршката на Кина за  градбата на автопатите Кичево-Охрид и Скопје – Штип.

pendarovski_5

Груевски посочи дека на средбата станало збор и за проекти во делот на енергетиката и туризмот, како и за индустријата и индустриските зони.

– Разговаравме и за градба на брзата пруга. Договоривме од наша страна министерот за финасии Зоран Ставрески и  за транспорт и врски Миле Јанакиески брзо да започнат разговори со нивните министри пред се за финасии за деталите, односно кој ќе биде начинот на финасирање и како ќе се гради. Во начело ние сме многу заинтересирани но сакаме да ги видиме деталите и начинот и условите како ќе се финасира, рече Груевски.

Дека Пендаровски по катастрофалниот пораз на претседателските избори е надвор од колосек дополнително потврдува и неговата изјава дека “Саудиска Арабија може да извезува само две работи – нафта и вахабизам“. Саудиска Арабија е водечка земја во ОПЕК и најголем извозник на нафта во светот, Саудискиот фонд за развој со чиј директор се сретна премиерот Груевски, за што известија и водечките саудиски медиуми, инвестира во инфраструктурни проекти во 80 различни држави, но овој податок се чини е непознат за Пендаровски.

pendrovskis_7

За неинформираноста на Пендаровски говори и податокот дека највлијателните светски политичари ја имаат посетено Саудиска Арабија, како американскиот претседател Барак Обама, кој годинава во Ријад се сретна со саудискиот крал Абдула, рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, државниот секретар на САД Џон Кери, јапонскиот премиер Шинзо Абе, поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, британскиот премиер Дејвид Камерон и многу други.

ppendarovskiii_8