Јавното обвинителство постигна спогодба со двајца осомничени од предметот „Јустиција“

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје постигна спогодба со двајца осомничени во предметот „Јустиција“.

Денеска, како што соопшти Основното јавно обвинителство од Скопје, спогодбата е верификувана и од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје, кој согласно договореното со пресуда на осомничените им изрече условна казна затвор, односно казна затвор од една година која нема да се изврши доколку во рок од три години лицата не сторат кривично дело.

Двете осудени лица се поранешни судии, сега во пензија.

Основното јавно обвинителство Скопје во рамки на акцијата „Јустиција“ поднесе кривична пријава против 14 судии од Одделението за прекршоци во Основен суд Скопје 1 и против 11 судски службеници од истиот суд осомничени за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.