Јавното обвинителство постигна спогодба со уште двајца осомничени во случајот „Јустиција“

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постигна Спогодба со еден судија и еден судски службеник, осомничени во предметот „Јустиција“.

Како што соопштуваат од Обвинителството, денес спогодбата е верификувана и од страна на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој согласно договореното, со Пресуда, на осомничените им изрече условна казна затвор, односно казна затвор од една година која нема да се изврши доколку во рок од три години лицата не сторат кривично дело.