Балкан

Јефтиќ: Србите во Собранието на Косово ќе бидат значаен фактор

Јефтиќ: Србите во Собранието на Косово ќе бидат значаен фактор

Министерот за заедници во Владата на Косово Далибор Јефтиќ денеска изјавил дека Србите во Собранието на Косово ќе бидат значаен фактор и својата позиција треба да ја искористат за да ги решаваат проблемите на српската зедница, пренесоа медиумите од регионот.

Уставниот суд на Косово ќе даде оценка на уставноста и процесот на изборот на актуелното Собрание на Косово и таа одлука очекуваме некаде до средината на август, рекол Јефтиќ за агенцијата Танјуг нагласувајќи дека очекува во текот на септември ќе биде во прилика да се зборува за формирање на Влада на Косово.

„Пратениците Срби во Собранието на Косово се клучен фактор во овој процес во онаа смисла дека токму гласовите на овие девет пратеници кои се на Спрската листа некаде одлучувале за мнозинството во Собранието на Косово. Во таа смисла ние ќе бидеме значаен фактор во иднина и мислам дека треба да ја искористиме нашата позиција, не на штета на било кого туку само во корист на оние кои нас на крајот не избрале да ги претставуваме“, рекол Јефтиќ.

Тој додал дека мора да се работи се за проблемите кои стојат на патот на нормалниот живот на припадниците на српската заедница да се решаваат, но никако на штета на било кој или било која друга зедница која живее на Косово.

Тоа што се случува моментално во албанската зедница е што се одлучува кој ќе ги носи извршните функции на Косово. Во таа смисла кога се работи за српската заедница ние ќе ја поддржиме онаа партија која може да обезбеди потребно мнозинство во политичка смисла. Нас не ни е во интерес да влегуваме во изборен процес, бидејќи изборниот процес го пролонгира решавањето на сите отворени проблеми“, рекол Јефтиќ.

„Очекувам дека српската заедница се однесува во склад со овие случувања и да биде одговорна и да направи се за да се позиционира во рамките на тоа политичко друштво, за да некои проблеми ги решимена конкретен начин“, заклучил Јефтиќ.