Јелена Ѓоковиќ со фотографија ги демантира гласините за развод

Гласините за проблемите во бра кот меѓу Новак и Јелена Ѓоковиќ почнаа откако тој испадна од третото коло во Вимблдон, а таа беше на одмор.

Тој тогаш изјави дека поразот на турнирот не се должи на никаква повреда, туку дека за тоа влијаеле некои приватни проблеми што тој ги решил и продолжил со животот.

Тоа беше доволно за медиумите да почнат да пишуваат за развод, а со оглед на тоа што двојката воопшто не обрнуваше внимание на пишувањата, шпекулациите стануваа се погласни.

#tbt Team NDF!! ❤️❤️❤️❤️ @novakfoundation

A photo posted by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) on

Но, по се изгледа на Јелена и’ е доволно од ваквите пишувања па на Инстаграм објави фотографија на која таа и најдобриот тенисер на светот прегрнати и распеани слават со друштвото и така ги демантирапе гласините дека се наоѓаат пред развод.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.