Јелена Ѓоковиќ: Не сум најубава, но тоа не ме засега!

Сопругата на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, Јелена изјави дека таа можеби не е најубава, но додаде дека тоа не ја засега.

Таа плени со својот шарм, убавина и пристојност, но и покрај се таа уште еднаш ја покажа својата скромност.

Жените како мене ја ставаат убавината во втор план бидејќи убавината стана деградирана, ги уназадува, бидејќи луѓето гледаат низ убавина наместо низ знаење и квалитет. А дали некогаш сум се чувствувала така? Не, бидејќи јас себеси се доживувам како убава внатрешно, и тоа се вредностите кои сакам да се видат надвор. Верувам дека многу ќе се согласат дека не сум најубава во светот, но тоа мене не ме допира – изјави Јелена.