Магазин

Јелена и Стефан ја напуштија болницата, Новак не беше со нив

Јелена и Стефан ја напуштија болницата, Новак не беше со нив

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на Новак Ѓоковиќ синоќа го напушти породилиштето „Принцеза Грејс“ заедно со синот Стефан, но првиот рекет во светот не беше со нив.

Нив, околу 19 часот од болницата, што се наоѓа во поширокиот центар на Монте Карло, ги изнесоа родителите на Јелена, Вера и Миомир Ристиќ.

Новак од саботата се наоѓа во Париз каде што го очекува мастерс турнирот, но затоа цело време комуницира преку телефон со своето семејство.

Таткото на Јелена ги земал ќерката и внукот со луксузно возило „ауди“ со затемнети стакла на кое биле испишани иницијалите на семејството Ѓоковиќ.  Јелена и Стефан биле чувани од приватно обезбедување, но и од полицијата, кои ги спровеле до зградата каде што семејството живее.

Инаку Јелена ја напуштила болницата на споредниот влез, а пред тоа нејзините родители го изнеле нејзиниот багаж, заедно со големиот број подароци и цвеќе што сопругата на Новак ги добила по повод раѓањето на синот.

Инаку според изјавите на персоналот во болницата, Новак бил многу дарежлив кон нив. Веднаш по раѓањето на Стефан, Новак на медицинските сестри кои се грижеле за него и за Јелена им дал скапоцени подароци во знак на благодарност за тоа што се грижат добро за неговото семејство.