Јелена ја убил некој од семејството?!

Сите досегашни докази, изјави и полиграфски тестови укажуваат на тоа дека убиецот на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ е некој до семејството Марјановиќ, пишува српски Информер.

Според зборовите на извор близок до истрагата, полицијата по деноноќно анализирање на овој случај направи профил на убиец кој одговара исклучиво на некој од семејството на Марјановиќ.

– Не постои ниту еден доказ кој би посочил на тоа дека Јелена ја убил некој случаен манијак, опсесивен обожавател, па дури ни некој кој површно би ја знаел. Не постојат докази дека имала љубовник, како што објавија некои медиуми, или било кој друг близок кој би имал мотив свирепо да ја убие. Начин на кој што е извршено убиството, доказите но и изјавите од полиграфот недвосмислено покажуваат дека убиецот се крие во куќата на Марјановиќ. Фактот дека членовите на ова семејство за време на испрашувањето дадоа многу лажни и контрадикторни изјави дефинитивно зборува дека некој нешто крие во врска со ова убиство. Можеме со голема веројатност да тврдиме дека сите знаат кој е убиецот и дека го чуваат, што е можеби и логично за членовите на семејството, вели изворот за Информер.

Инспекторите кои работат на овој случај тврдат дека дошле до заклучок дека не постои можност семејството Марјановиќ да е поврзано во овој случај, па поради тоа никој од нив не го минал испрашувањето на полиграф.

– Полиграфот можеби не е доказ на суд, но многу може да помогне во истрагата. Сопругот на Јелена два пати паднал на испрашувањето, а не го поминале ниту свекорот Владимир и деверот Зоран, кои лажеле за некои клучни детали. Свекрвата Зорица пак не сакала да слушне за испрашување на детектор за лаги. Тоа не може да биде случајно и токму тоа зборува дека семејството Марјановиќ крие страшна тајна за ова убиство – потенцира изворот.

Конечно важен доказ дека Јелена била блиска со убиецот се и доказите пронајдени на местото на убиството, реконструираниот злочин, ДНК анализата и обдукцијата на телото.

Се што откривме анализирајќи ги сите овие работи е: Јелена добро го познавала убиецот и била блиска со него, бидејќи непосредно пред убиството му пришла да се поздрави. Убиена е со 30 удари во главата поради голема омраза, тоа може да го чуствува некој што добро ја знае, а не некој што случајно ја видел. Доколку ја исклучиме нејзината родена мајка, никој не бил поблизок со нејзе од семејството Марјановиќ – заклучил изворот.