Јелена ќе добие кралски третман за време на породувањето

Сопругата на најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, Јелена, за време на породувањето не само што ќе биде во истата клиника во Ница, туку ќе го добие и истиот апартман, каде два месеци подоцна ќе се пораѓа принцезата Шарлин од Монако.

И додека поубвавата половина на принцот Алберт, според неофицијални информации очекува близнаци, кон крајот на декември, Новак и Јелена сеуште не откриваат дали на крајот на октомври ќе добијат син или ќерка.

За се да помине во најдобар ред, ќе се погрижат најдобрите лекари од Европа, а споменатата клиника е оддалечена само на 23 километри од Монте Крало. Во секој случај, Ѓоковиќ, по Шангај ќе допатува во Европа, каде го очекуваат натпревари во Париз, кои почнуваат на 27 октомври, но нема сомневање дека доколку радосниот момент дојде пред овој датум, челниците на АТП ќе имаат разбирање ако Новак ги прескокне споменатите натпревари.

Ѓоковиќ, повторно ќе се појави на терените на почетокот на ноември и тоа на завршните натпревари во Лондон, а потоа же се врати во Монте Карло, од каде планира краток излет до Момбај, од 28 ноември до 13 декември, каде ќе учествува и во премиерната тениска лига, каде учествуваат најдобрите тенисери од светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.