Јелена Томашевиќ со песна од Тоше

Јелена Томашевиќ за својот нов албум соработуваше со  Сергеј Четковиќ, Емина Јаховиќ, Алек Алексов, Љиља Јорговановиќ, Расто Аксентијевиќ и Рафеал Артсеро, но како автор на една од песните се јавува и нашиот прерано починат ангел Тоше Проески.

Познатата пејачка изјави дека почесно место на албумот ќе заземе композицијата на нашиот прерано починат ангел Тоше Проески, која се вика „Где да одем да те не волим“, која е снимена во 2010 година.

Композициите на албумот жанровски одат од бајковит поп, па се до нетипичен хаус, кој ретко се слуша и на светската музичка сцена.

Јелена вели дека новиот албум ќе ги помести продукциските и уметничките стандарди во регионот.