Јемен ќе стане федерална држава од шест провинции

Јемен ќе биде претворен во федерална држава, во која ќе бидат обединети шест провинции, јави „АФП“, повикувајќи се на одлуките донесени за време на состанокот на групата за национален дијалог .

Создадената комисија од јеменскиот претседател, постигнала согласност за трансформација на Јемен во федерација, во рамките на политичката транзиција на земјата.

Во официјалното соопштение државната глава Абд Рабу Мансур Хади, ја објави одлуката на групата, земјата да биде составена од шест провинции, четири во северниот дел и две во јужниот дел на Јемен .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.