Свет

Јемен: За само еден ден загинаа 52 лица

Јемен: За само еден ден загинаа 52 лица

Најмалку 52 лица загинаа во последните 24 часа во Јемен, соопштија здравствените и локалните власти, јавува ДПА.

Најмногу жртви имало во градот Таез каде се судрија бунтовниците и силите лојални на јеменската Влада, а воени авиони на коалицијата предводена од Саудиска Арабија жестоко го бомбардираа овој  јеменски град.

Коалиционите авиони вчера извршија силни воздушни напади и врз претседателската палата во Таез и положбата на специјалните сили на единиците лојални на поранешниот претседател Али Абдула салех, кои застанаа на страната на Хутите.

Жртви имаше и во Аден, каде се убиени 13 цивили, меѓу кои три жени.