Јеменскиот огранок на Ал Каеда со закани до Франција

Верскиот лидер на Ал Каеда на Арапскиот полуостров (Акпа) им се закани на Французите дека јеменскиот огранок на таа терористичка организација ќе продолжи со напади врз државата.

– Никогаш нема да бидете безбедни се додека се борите против Алах, неговиот пророк и неговите верници, се вели во пораката на Харит ел Надари. Тој ги поздрави нападите во Париз и ги оквалификува напаѓачите како „херои муџахедини“.

Саид Куаши еден од двајцата браќа обвинети за напад вбрз Шарли ебдо во средата кога беа убиени 12 луѓе, се борел за Ал Каеда во Јемен во 2012 година.

Куаши е осомничен дека им се придружил на екстремистите во време кога јеменскиот огранок на Ал Каеда го опустошил целиот југ на Јемен користејќи ја нестабилноста на државата за време на Арапската пролет.