недела, 15 јануари 2017  |  Вести денес: 11

Јенел: Турција сака да се присоедини кон ЕУ до 2023

Турција е кандидат за членство во ЕУ од 1999 година, но напредокот во преговорите е бавен

турција

Последни вести

Турција се надева дека ќе стане членка на Европската Унија до 2023, изјави турскиот амбасадор во ЕУ, Селим Јенел за германскиот весник „Велт”, јавува ДПА.

– Во 2023 се навршуваат 100 години од создавањето на Турската Република. Тоа би било кулминациска точка за мојата земја, за таа да стане членка тогаш. Полноправното членство во ЕУ е многу важно за Турција – изјави амбасадорот.

Јенел воедно ги повика германската канцеларка Ангела Меркел и други истакнати европски политичари да ја посетат Турција по осуетениот обид за преврат, со што би ги поддржале демократските процеси во земјата.

Турција е кандидат за членство во ЕУ од 1999 година, но напредокот во преговорите е бавен, коментира ДПА.

Претходно месецов Австрија повика на прекин на преговорите поради нарушувања на демократските стандарди, во контекст на мерките коишто беа преземени по неуспешниот преврат.

Најчитани вести