Јенел: Турција сака да се присоедини кон ЕУ до 2023

Турција се надева дека ќе стане членка на Европската Унија до 2023, изјави турскиот амбасадор во ЕУ, Селим Јенел за германскиот весник „Велт”, јавува ДПА.

– Во 2023 се навршуваат 100 години од создавањето на Турската Република. Тоа би било кулминациска точка за мојата земја, за таа да стане членка тогаш. Полноправното членство во ЕУ е многу важно за Турција – изјави амбасадорот.

Јенел воедно ги повика германската канцеларка Ангела Меркел и други истакнати европски политичари да ја посетат Турција по осуетениот обид за преврат, со што би ги поддржале демократските процеси во земјата.

Турција е кандидат за членство во ЕУ од 1999 година, но напредокот во преговорите е бавен, коментира ДПА.

Претходно месецов Австрија повика на прекин на преговорите поради нарушувања на демократските стандарди, во контекст на мерките коишто беа преземени по неуспешниот преврат.