Јенс Столтенберг, нов шеф на НАТО

Амбасадорите на земјите членки на НАТО го именуваа за генерален секретар на Алијансата поранешниот норвешкиот премиер Јенс Столтенберг.

Тој ќе ја преземе функцијата на 1 октомври, изјави синоќа претставниците на НАТО.

Новоназначениот генерален секретар рече дека кризата со Русија  и Украина “брутален  потсетник за тоа колку е важно НАТО”.

„Сакам да ја изразам мојата поддршка за она што НАТО не ја прифати промена на границите во Европа со употреба на сила. НАТО уште еднаш ја докажа својата важност,”, рече Столтенберг.

Генералниот  секретар на Северноатлантската алијанса кој заминува, Андерс Фог Расмусен,оцени дека Столтенберг е вистинскиот избор за негов наследник на чело на НАТО.