Јеремиќ сам се кандидирал за генерален секретар на ОН

Поранешниот шеф на српската дипломатија Вук Јеремиќ се претставува како кандидат за генерален секретар на ОН, иако Владата на Србија за тоа не донела одлука, пишува весникот „Блиц“.

Весникот наведува дека „овие денови“ во седиштето на ОН се појавил медалјон на кој пишува „Вук Јеремиќ кандидат на Република Србија“ за мандат 2017-2022 година, иако за оваа „значка на самопрогласување не може со сигурност да се потврди дали тој лично ја делел или не“.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на прашањето дали Владата ја донела одлуката за кандидатот за генерален секретар на ОН, за „Блиц“ одговорил дека Србија се уште никого не кандидирала.

– Државите кандидираат. Србија се уште никого не кандидирала. Имаше разговори со Јеремиќ за неговите планови, но одлука не е донесена, ниту било во план сега да се донесе, додаде Дачиќ.