На Јевтиќ ќе му се суди зад затворени врати

На српскиот актер Горан Јевтиќ ќе му се суди зад затворени врати. Судењето на актерот Горан Јевтиќ започна вчера во основниот суд во Сомбор започна вчера. Според обвининието, актерот кој на македонската јавност и е познат по улогата во филмот „Парада“ се товари за обљуба врз малолетно лице.

Поради заштитата на интегритетот на малолетното лице, на барање на Јевтиќ, на вчерашното рочиште биле исклучени новинарите и јавноста. Од Судот во Сомбор велат дека до крајот на постапката нема да даваат никакви информации за текот на судењето.

На Јевтиќ ќе му се суди зад затворени врати
На Јевтиќ ќе му се суди зад затворени врати

Адвокатот на одбраната Владимир Хоровиќ изјави дека во конкретниот случај станува збор за предмет во кој јавноста е исклучена во согласност со Законот за заштита на малолетни лица, па затоа е забрането секое коментирање, пренесување и објавување на било какви податоци во врска со постапката, а особено информациите за името и презимето на обвинетиот.

Кон крајот на минатата година одделни медиуми објавија информација дека таткото на малолетниот К.Л. поднел кривична пријава против Јевтиќ, поради настаните во тоалетот на театарот во Сомобор за време на фестивалот „Позоришни маратон“.

Според неофицијалните информации за време на  едно од сослушувањата, актерот понудил спогодба, односно да уплати извесен износ пари во добротворни цели, а против него да не се покренува постапка.

Обвинителството ја одбило оваа понуда на актерот, поради деликатните детали на случајот.