Јиха нема да игра против Македонија

Најдобриот поединец во репрезентацијата на Чешка Филип Јиха нема да настапи на квалификацискиот дуел помеѓу Чешка и Македонија кој е на програмата на 2.ноември во Злин.

Поради операцијата на скочниот зглоб на левата нога Јиха ќе паузира најмалку шест недели, што автоматски значи дека нема да игра на дуелот од квалификациите за пласман на ЕП во 2016-та година.

Публиката и во Скопје нема да има можност да го гледа Јиха ниту во дресот на Кил. Германскиот тим се наоѓа во иста група со македонскиот шампион Металург во натпреварите од Лигата на шампионите. Кил во Скопје треба да гостува на 18-ти октомври.

Инаку, нашата ракометна репрезентација својот прв квалификациски меч ќе го одигра на 29-ти октомври против Швајцарија во Скопје. Во истата група уште се наоѓаат европскиот првак Франција против кого Македонија ќе игра во 2015 година.