Спорт

Јиха шокиран од високиот пораз од Австрија

Јиха шокиран од високиот пораз од Австрија

Најдобриот ракометар на Чешка Филип Јиха, истакна дека е шокиран по поразот од Австрија и дека не памети кога последен пат биле поразени со десет голови разлика.

„Ова е ново искуство за нас, не помнам кога последен пат сме загубиле со десет гола разлика. Шокиран сум, не знам што би додал, ќе треба да седнеме, да разговараме, да ги увидиме грешките и на следниот меч да излеземе далеку подобри, пофокусирани“ , изјави Јиха.