Јилдиз: Турција ќе го гради „Турски тек“ поради национални интереси

Гасоводот „Турски тек“ е проект што Турција ќе го развие од своите национални интереси, изјави министерот за енергетика и за природни ресурси на земјата, Танер Јилдиз.

-Некои земји на ЕУ може да имаат свое мислење за тоа прашање, но Турција, имајќи ги во предвид националните интереси работи на проектот „Турски тек“. Кога станува збор за интересите за нашите интереси стануваме внимателни и затоа „Турски тек“  ќе се развива. За та прашање ги продолжуваме преговорите со Гаспром, изјавил Јилдиз пред новинарите во Измир, пренесува агенцијата Анадолија.

Русија на почетокот на декември 2014-тата година објави дека се откажува од проектот „Јужен тек“ поради неконструктивниот став на ЕУ.

Во замена беше одлучено да се гради гасоводот во Турција „Турски тек“.