ЈКП „Илинден“ се поднови со две возила

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски му ги предаде клучевите од две товарни возила, сопственост на Општината, на директорот на Јавното комунално претпријатие „Илинден“, Сашо Саздовски.

Станува збор за возило за зимско одржување на улиците и патиштата марка „мерцедес“ и товарно возило-комбе, исто така марка „мерцедес“.

Возилото за зимско одржување на улиците и патиштата Општина Илинден го набави во рамките на реализацијата на проектот ,,Форуми во заедницата”.

zika-stojanovski500

Камионот кипер е комплетно подготвен за зимска служба. Соларката и плугот за снег се демонтажни и истите можат да се отстранат и возилото да се користи само како камион кипер за различни намени.

Набавката на ова возило е од големо значење за безбедното одвивање на сообраќајот во зимски услови на локалните улици и патишта во сите 12 населени места. Со ова специјално возило многу побрзо и поквалитетно сообраќајниците ќе бидат оспособувани за нормално одвивање на сообраќајот во услови на снег, се вели во соопштението од општина Илинден.

Оттаму велат дека на овој начин Општината придонесува во модернизирањето на возниот парк на ЈКП „Илинден“, овозможувајќи поквалитетна комунална јавна услуга за граѓаните