Македонија

ЈО донесе одлука, Вранишковски на условна

ЈО донесе одлука, Вранишковски на условна

Осудениот Јован Вранишковски е правосилно осуден на единствена затворска казна од пет години и пет месеци. Досега издржал вкупно 36 месеци затвор, што значи дека издржал половина од затворската казна на која што е правосилно осуден, се наведува во соопштението од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение

За време на издржувањето се однесувал примерно и го почитувал куќниот ред во затворот, при што ги извршувал и работните обврски.

Воедно од осудениот со правосилна пресуда конфискувана е во корист на оштетената Македонска Православна Црква непосредната и посредната имотна корист која била прибавена со кривичното дело на осудениот. И тоа конфискувани му се вкупно 4.940.400 денари, а од друга страна во корист на оштетената Македонска Православна Црква конфискуван е и недвижен имот – земјиште во м.в. Голема нива, запишано во имотен лист во К.П Нерези со површина од вкупно 4859 м2.

Имајќи во предвид дека осудениот издржал повеќе од половина од затворската казна на која е правосилно осуден, а штетата која била причинета со дејството на Јован Вранишковски за која е правосилно осуден е надоместена, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција смета дека се исполнети законските услови спрема осудениот Јован Вранишковски да се примени институтот Условен отпуст.