ЈО: Одбиено барањето за изземање на обвинителот во „Поткуп“

Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција го одби барањето на одбраната на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за изземање на обвинителот Владимир Милошевски, кој го води случајот „Поткуп“.

Иако Судот планираше да почне судењето, сепак рочиштето повторно се одложи по барање на Заев, поради обврски на лидерот на СДСМ, па судењето е презакажано за на 23 јануари идната година.

Адвокатскиот тим на лидерот на опозицијата Зоран Заев денеска на рочиштето за „Поткуп“  побара Милошевски да биде изземен од случајот додека Специјалното јавно обвинителство не се изјасни за кривичната пријава што тие ја поднеле против него пред повеќе од една година.

Како што објаснија адвокатите, од СЈО имаат известување дека се постапува по предметот.

Одбраната бара додека СЈО не се произнесе за делата, да се стопира постапката за случајот „Поткуп“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.