Магазин

Јавно Обвинителство: Победата на Даниел и Тамара е чиста

Јавно Обвинителство: Победата на Даниел и Тамара е чиста

Од досега спроведените истражни соопштенија во врска со нерегуларностите со гласањето на Скопскиот фестивал првите две места биле добиени со регуларни гласови, односно за победата на Даниел Кајмакоски и за второто место на Тамара Тодевска, победила волјата на гласачите, информираше Јавното обвинителство преку соопштение.

МВР вечерта,кога Македонија избираше песна претставник за „Евровизија“, спроведе акција во која беше уапсена група од продуценти, композитори и автори кои влијаеле на резултатите на телефонското гласање на Скопскиот фестивал.

Полицијата во два стана во Скопје пронајде повеќе од 2.000 СИМ картички од кои, постојат сомненија дека се гласало за да се намести победникот.