Јоаниду: Решението е да се прифати правото на другиот да се именува себе си како што сака

Решението е апсолутно прифаќање на правото другиот да се именува себе си онака како што сака, вели професорката Јоаниду во ексклузивно интервју за Нетпрес, на прашањето кое е решението за дведеценискиот спор за името.

Александра Јоaниду e професор по историја на Словенски јазици на атинскиот Универзитет. Иако исклучителен интелектуалец и редок демократ, таа во 2011 та го губи работното место поради истражувањето на „забранетите“ теми, а тоа се малцинствата во Грција.

Физички нападната од „Златна зора“, јавно омаловажувана од националистичката „Лаос“, професионално девалоризирана од страна на Униврзитетот – сите сегменти од големиот националистички блок во Грција се обединија против една жена, чиј „грев“ е тоа што е анти-националист.

Благодарение на реакцијата на нејзините колеги од Германија, таа по кусо време е вратена на работа, но овие непријатности не ја поколебаа нејзината заложба да остане на страната на фактите и на вистината. Говорејќи за национализмот на Универзитетот, но и воошто во општествто, таа во разговор со дописникот на Нетпрес од Атина, вели дека секоја земја има право да си го избере сопственото име.

Што всушност и се случи и зошто резултатите од вашето истражување беа толку „опасни“, па добивте отказ од работното место?

Јас не знам…