Јоци до Туфегџиќ: На локални избори се гласа за политички фигури, не за администрација

Ја праќаш Ивана Туфегџиќ на прес и најавува нова градска администрација. Тоа му доаѓа смена на 300 и кусур луѓе, реагираше во понеделникот новинарката Јорданка Ивановска Јоци на изјавата на пратеничката на владејачкиот СДСМ во врска со изборите за градоначалникот на Град Скопје.

„На Скопје му се променив веднаш. На Скопје му е потребна нова градска администрација, на Скопје му е потребен градоначалник кој заедно со советот, граѓаните и здруженијата долгорочно ќе го реши проблемот со загадениот воздух, уништено зеленило и вода за пиење“, рече меѓу другото Туфегџиќ која како претставник на непартискиот и невладин сектор за учеството во „шарената револуција“ беше наградена со пратеничко место.

Но во оваа изјава, како и во изјавите на некои од нејзините партиски колеги во оваа изборна кампања, пратеничката на СДСМ само демонстрираше непознавање како функционира локалната власт.

„Да ја информирам – на избори не се гласа за градска администрација, напротив за смена на политички фигури. Секако, а не ме мисли да брка. Администрацијата си останува, и покрај смените на градоначалниците. Барем засега“, ѝ порача Јоци на Туфегџиќ укажувајќи на тотално непознавање на системот.

Но кога нејзиниот премиер може да изброи „дваесет и кусур“ автопати во земјата, тогаш не зачудува што од неговите инструменти во парламентот не се бараат квалитети и знаења.