Македонија

Јоци: Жерновски признава дека нема контрола над своите вработени и имотот на општината

Јоци: Жерновски признава дека нема контрола над своите вработени и имотот на општината

Новинарката Јорданка Ивановска- Јоци преку својот Фејсбук профил ги коментира вчерашните случувања на седницата во Општина Центар, каде претседавачот на Советот Мирослав Шиповиќ го запраша градоначалникот Жерновски зошто секретарот на општината се развозува со службен автомобил.

– Со кој пропис се користат службените возила за приватни цели. Секретарот секој ден го гледам со општинското возило си оди дома после работа и наутро со истото се враќа? – праша претседавачот кој е дел од партиската коалиција на власта во оваа општина.

joci

Жерновски на тоа одговори дека доколку е така, треба да се реагира.

– Ако има таква злоупотреба, тогаш треба да се реагира. Се согласувам. Не смее после 16 часот да се користат возила кои се тука за службена употреба – одговори тој.

Со ваквиот одговор, според Ивановска – Јоци, градоначалникот Жерновски признава дека нема контрола над вработените и службените возила.

-Коментарот на Жерновски бил дека не знае дали некој се вози, но ако е така, не било во ред. Браво ! Тој дури и не демантирал дека тоа е невистина (ако е сигурен), напротив со ваквиот одговор признава дека нема контрола над вработените и службените возила. Мојот коментар на ова е -малограѓани и ситни души! Добивте една скопска општина за 8 год. и место да дадете пример за чесно работење, дека се разликувате од Груевски, напротив не знаете што попрво да направите- ја исцедивте до даска, ем со 35-40 партиски вработувања, ем со „Боемска“, ем со аздисаност да се јаде, пие и вози на државна сметка. Луѓе ве гледаат по ручеци и со службени возила, се однесувате како општината да е оставена од мајка ви, а за градинката на Водно, Жерновски одозгора и ќе земал кредит, напиша новинарката на својот Фејсбук профил.