Јога за деца во Зоолошка

Скопската зоолошка градина  иницира интегрална јога за деца. Идејата е вежбите да се оддржуваат секоја сабота на атрактивни локации во Зоолошката , на кои ќе се вежбаат позиции познати по своето полезно дејство.

Часовите ќе се случуваат секоја сабота со почеток од 10 до 11 часот,  под водство на инструктор Силвија Петровска.
За подетални информации и пријавување заинтересираните може да се јават на  071 380 117.