Магазин

Јохан и Соња Тарчуловски очекуваат трето дете

Јохан и Соња Тарчуловски очекуваат трето дете

Македонската фолк пејачка Соња Тарчуловска е повторно бремена. Јохан Тарчуловски за убавата вест објави на својот Фејсбук профил.

– Од срце ви благодарам на сите за убавите честитки. Но најголемиот и најубав подарок го добив од мојата Соња. Мојата љубов ќе ми подари уште едно сонце. Нашето семејство ке биде поголемо за уште еден член. Поубав подарок не сум добил во мојот живот!!!! Радоста во очите на Мелани и Младен е огромна, напиша Јохан на својот „Фејсбук“ профил.

Соња и нејзиниот сопруг Јохан имаат две деца, Мелани и Младен.