Јохан заедно со охридските комити ќе оди пеш до Крушево

Членовите на охридското здружение „Илинденски марш- Христо Узунов“ и оваа година ќе бидат дел од Илинденскиот марш од Охрид до Крушево, како дел од активностите за одбележување на годишнината од Илинденското востание.

Предвидено е денеска учесниците на маршот, меѓу кои и Јохан Тарчуловски, да присуствуваат на свечена литургија и молитва за среќен пат во црквата „Св. Троица“, а рано изутрина да тргнат кон Крушево.

Маршот води преку планинските предели низ атарите на селата Куратица, Велмеј, Брежани, со ноќевање во Илинска црква. На 30 јули маршот продолжува низ селата Големо и Мало Илино, Железнец, Доленци, Брезово, Зашле, Дивјаци и Арилево.

Сите учесници на Здружението „Илиндески марш – Христо Узунов“ што ќе стигнат во Крушево ќе бидат дел од свеченото дефиле низ градот, како и на дефилето на 2 август на „Мечкин Камен“.