Јоксимовиќ: Проценката на штетите нарeдните десет недели

Министерката без ресор задолжена за европска интеграција, Јадранка Јоксимовиќ порача дека во Србија штетата мора да се процени наредните десет недели, за да можат да се повлечат пари од фондовите на ЕУ, додавајќи дека истата засега е поголема од 174 милиони евра.

„Во рок од десет недели од елементарните катастрофи мораме да аплицираме и да докажеме дека нашата штета е поголема од 174 милиони евра или повеќе од 0,6 отсто од БДП. Поради тоа ќе ги искористиме веќе постоечките механизми да ангажираме стручњацин кои ќе бидат платени од веќе постоечките фондови и проекти,“ изјави Јоксимовиќ гостувајќи на ТВ Пинк.

Таа и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ утре патуваат во Брисел за да ги разработат механизмите за добивање пари неопходни за санација на поплавите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.