Јоксимовиќ: Секогаш ќе му бидам благодарен на Дино Мерлин!

Еден од најпопуларните композитори и пејачи на овие простори, Жељко Јоксимовиќ даде екслузивно интервју во кое за прв пат јавно говореше за политиката и општеството, војската и војната, Сараево и Белград, трачевите дека е хомосексуалец, културната политика…

Во твоите животни „ордени“, покрај преполните концерти во Хрватска, спаѓа и култниот статус во Сараево поради кој имаш доживотен такси превоз и Халид Бешлиќ кој би застанал пред оние кои те напаѓаат. Но, пред тоа имаше несфаќање на една твоја изјава.

Јоксимовиќ: Имаше една немилосрдна ситуација и непромислена изјава која сакав да ја кажам, но не се изразив добро. Одредени делегации тоа го искористија за да го оквалификуваат како мој говор против муслиманите. А суштината беше лошата интерпретација. Им се обратив на луѓето во Босна и реков дека тоа нема врска со она што јас сакав да го кажам. Но, ниту тоа не беше доволно, едноставно луѓето ја запомниле таа погрешна интерпретација. Во тоа време го снимив дуетот Супермен со Дино Мерлин. Повеќе од осум месеци го држевме овој дует во тајност. Дино ме повика на својот голем концерт во Сараево. Вели „Дојди ако можеш, а ако не можеш, нема да се налутам“. Доаѓам…Тој вели „Дами и господа, Жељко Јоксимовиќ. “ Одеднаш и врисок и свирежи во исто време. Гледам во публиката и на некои луѓе како од лицето да можев да им прочитам „Не заборавивме што зборуваше“.

Дино дојде, ме прегрна, пенсната започна и одеднаш како да сме во друга хала. Сите пејат на глас и потоа огромен аплауз. Тој гест никогаш нема да го заборавам. Од тој концерт мојот статус се врати на старото. По тоа ја направив композицијата Лејла и и ја поклонив на БиХ, која со таа песна се претстави на Евровизија, доби награда за најдобра композиција и освои трето место.

Целото интервју можете да го прочитате овде.