Јоксимовиќ: Србија мора да создаде услови за одржување на Геј парадата

Јадранка Јоксимовиќ, српската министерка европски интеграции, изјави дека Србија има начини како да ги создаде условите за без никаков проблем на 28 септември да се оддржи Парадата на гордоста во Белград.

„Нашето општество мора да го почитува Уставот, да се овозможи слобода во собирањето и да им се пружи можност на сите да го изразат своето човеково право“, изјави за РТС, Јоксимовиќ.