Јолески: Имаме аргументи зошто Македонија треба да влезе во НАТО

Имаме стратегија и ги презентираме аргументите за тоа зошто Македонија треба да стане  членка во НАТО. Главен приоритет на Владата во однос на надворешната политика е Македонија да стане член на НАТО, вели министерот за одбрана Зоран Јолески во вестите на Алфа.

Имаме стратегија и ги презентираме аргументите за тоа зошто Македонија треба да стане  членка во НАТО. И во иднина ќе се работи интензивно со членките на НАТО и ќе презентираме аргументи. Геополитичката состојба во Европа е променета. Колку НАТО е присутно во регионот, Европа е побезбедна. Сите работиме Македонија и Црна Гора да добијат покани, со што ќе се стабилизира целиот регион и Европа, посочи Јолески.

Како што рече, во низата средби кои ги остварува со високи светски функционери од одбраната, министерот бил сведок на три значајни пораки: „Кога станува збор за Македонија, НАТО членките стратегиски да размислуваат“, „Името не смее да биде пречка за Македонија да биде дел од НАТО“ и „Македонија треба да биде поканета“.

Ние продолжуваме со реформи и само така ќе докажеме дека заслужуваме да станеме дел од НАТО. Се работи на модернизација на АРМ, инвестираме во офицерскиот кадар и питомците, додава министерот за одбрана.

Целото негово гостување во Алфа погледнете го во продолжение.