Јолески упати сочувство за хеликоптерската несреќа во Србија

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолески вчера во телефонски разговор со неговиот српски колега, Братислав Гашиќ, упати длабоко сочувство за трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија седуммина меѓу кои и едно бебе.

„Македонија и македонскиот народ се со вас во овие тешки мигови. Ова е голема загуба за Србија и нејзиниот народ, особено имајќи предвид дека овие луѓе го дадоа својот живот обидувајќи се да спасат невино новородено дете. Искрено жалам што вакво хуманитарно дело заврши на овој трагичен начин“, порача министерот Јолески.