Јолевски: АРМ плански ќе го зголемува својот буџет

Министерот за одбрана Зоран Јолевски заедно генералот Горанчо Котески денеска остварија посета на Техничко-ремонтниот центар на Армијата на Република Македонија.

Неговата основна мисија е одржување на борбените како и неборбените возила во АРМ, но исто така и за одржување на вооружувањето на армијата.

Единицата располага со капацитети за одржување на пешадиско и артилериско вооружување, дијагностика и сервисирање на возила, одржување и сервисирање на бела техника, располага со сертифицирани лица за ПП заштита, работилница за општи работи, како и средства за одржување на врски.

Sequence-03.Still009

„Важноста од постоењето на овој центар е од исклучително значење, особено поради тоа што е единствен центар во АРМ. Се залагаме и понатаму ќе опстојуваме да овој центар биде практично поддржан и во идниот период и во однос на обезбедување на резревни делови, но исто така и на обучем персонал кој треба да ги извршува основните мисии на овој центар“, изјави генералот Котески.

Министерот Јолевски истакна дека со самото превземање на функцијата ја потенцирал важноста АРМ да има современо вооружување и опрема, но и дека е значајно да се одржува и постоечката.

„Сите НАТО армии имаат вакви центри и како што кажа генералот ќе продолжиме да инвестираме како во квалитетот така и во персоналот, како и за обезбедување на соодветна опрема. Многу е значајно постојната опрема која ја има армијата да биде перманентно во функција и ефикасно да се поправа“, подвлече министерот Јолевски.

Sequence-03.Still021

Минстертот истакна дека дека до петок треба да се достави предлогот за буџетот на АРМ и дека ќе има зголемување на средствата за модернизација како и за подобрување на стандардот на животот на припадниците на АРМ. Тој додаде дека зголемувањето на буџетот на АРМ ќе се прави плански и не само за идната година, туку најмалку за три години однапред.

„Ние сме Армија на Република Македонија и ќе ни биде драго да стапанството има бенефит од она што ние како потреба го имаме. Јас веќе имав средби со претставници на компании кои можат да не снабдат со производи кои што се наша потреба и тоа ќе биде високо на мојата агенда. Дел од патриотското чувство на војниците е опремата што ја имаат да биде што е можно повеќе произведена во Македонија“, заклучи Јолевски.

Во текот на изминатите години Техничкиот ремонтен центар постојано се опремува со специјална опрема за успешно извршување на активностите, а досега во два наврати Турција донирала машини во вредност од на 1 милион евра.