среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 12

Јолевски со честитка за Велигден

jolevski

Поврзани вести

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до припадниците на АРМ, вработените во Министерството за одбрана и сите граѓани на Република Македонија од православна исповед.

Интегрален текст од честитката:

Како министер ми преставува голема чест да Ви го честитам овој голем празник Воскресение Христово – Велигден.На овој голем празник секој од нас ги истакнува највозвишените човекови вредности. Љубовта, мирот и посветеноста се клучните доблести кои го градат нашиот карактер и се водилка во нашите животи. Дозволете ми да ја истакнам мојата почит кон сите Вас, посебно кон припадниците на АРМ прераспределени на нашата јужна граница, што со истрајност, професионалност и посветеност се справуваат со предизвиците од мигрантската криза.

Имам исклучителна доверба во сите Вас дека ќе продолжите со љубов и посветеност да ја браните нашата татковина. Сега и во иднина секој чекор кој го правите, колку и да Ви изгледа мал, бидете уверени дека влијае во мисијата која ја имаат АРМ и Министерството за одбрана. Вашите чекори нека се во духот на денешниот празник и нека секој ден Ве исполнува со љубов и мир. Верувајте дека сè што правите има една цел – безбедноста и мирот на граѓаните на Република Македонија.

Честит Велигден!

Христот воскресна, навистина воскресна!

Најчитани вести