Јолевски ги повика младите да се пријават на огласот за пилоти во АРМ

Јолевски ги повика младите да се пријавата на огласот за пилоти во АРМ
Јолевски ги повика младите да се пријавата на огласот за пилоти во АРМ

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, за време на денешната презентација на петтата генерација слушатели во Центарот за обука на пилоти ги повика сите граѓани на Република Македонија, кои имаат завршено високо образование, говорат англиски јазик и се помлади од 28 години да се пријават на конкурсот за обука на пилоти.

Оние кои ќе го поминат селективниот процес воден од искусни пилоти-инструктори од Израел, нагласи Јолевски, ќе имаат можност да добијат висококвалитетна обука и да станат пилоти на Армијата на Република Македонија.

– Пред нас се талентирани и внимателно селектирани кандидати, кои во Центарот за обука на пилоти на Армијата на Република Македонија во следните 18 месеци ќе имаат обука која ќе ги направи високо професионални пилоти, спремни за сите предизвици кои со себе ги носи пилотскиот позив, рече министерот Јолевски во денешното обраќање.

На денешната презентација се обрати и директорот на Центарот за обука на пилоти, Јаари Шрага, кој го истакна потенцијалот кој го има овој современ, модерен Центар за обука. Тој им посака на новите кадети успешна и безбедна обука на нивниот пат да станат пилоти.

Полковник Томас Батлер-одбранбено аташе на САД акредитиран за Република Македонија кој присуствуваше на промоцијата, информираше дека Република Македонија е поканета да номинира млади луѓе да конкурираат како меѓунарoдни студенти за слободните места на Академијата на воздухопловни сили на САД во Колорадо Спрингс.