Јолевски: Го подобривме статусот на професионалните војници во АРМ (ВИДЕО)

Еден од најдобрите примери како ова Влада се однесува кон АРМ е статусот на професионалните војници, изјави на Панел дискусијата во организација на ВМРО-ДПМНЕ министерот за одбрана Зоран Јолевски.

 

Претходно тие со 35 годишна возраст ја напуштаа армијата и фактички беа невработени. Во меѓувреме, се направија неколку проекти кои значајно го подобрија статусот на професионалните војници. Прво, нивниот ангажман беше продолжен до 38 години и после до 45 годишна возраст, меѓутоа што е најзначајно, откако ќе помине нивниот ангажман во АРМ, ние како држава, како влада им гарантираме вработување во другите државни институции. Со ова значајно се подобри статусот на професионалните војници во АРМ, рече Јолевски.