Јолевски: Горди сме на нашите војници во мисијата на ИСАФ

На вчерашниот втор панел во рамки на Сеопфатниот регионален министерски состанок, министерот Јолевски имаше свое обраќање посветен на идната можна соработка на земјите од САД-Јадранската повелба во НАТО мисиите, по завршувањето на мисијата ИСАФ во Авганистан.

-Сите земји кои придонесуваат во ИСАФ, сме горди на нашите војници, на нивната посветеност, големиот ангажман и жртва која ја дадоа за подобра иднина на Авганистан и авганистанскиот народ. Присуството на нашите војници во Авганистан во рамки на мисијата ИСАФ претставува голем национален и регионален придонес во поддршка на авганистанските власти во изградбата на демократско, безбедно и просперитетно општество, рече министерот Јолевски.

Во оваа прилика тој додаде: Досегашниот заеднички придонес во ИСАФ се покажа и докажа како вистински начин за унапредување на регионалната соработка, интензивирање на пријателството помеѓу земјите во регионот и бенефит за сите учесници. Заедничкото учество во ИСАФ даде значаен придонес и кон заедничките обуки пред распоредувањето во Авганистан. Оваа пракса беше многу корисна и истата би требало да продолжи преку организирање на заеднички вежби која ќе биде од голема корист за сите земји.

Во рамки на вчерашните состаноци беше потпишана и заедничката изјава на министрите од А-5 во која се истакнува силната поддршка за што поскоро членство на Република Македонија во НАТО, продолжување на соработката во сојузничките операции и мисии, унапредување на регионалната соработка на полето на справување со катастрофи и продолжување на работата во духот на концептот Паметна одбрана.

Министерот Јолевски во текот на вчерашниот ден оствари средби и со заменик помошникот на секретарот за одбрана на САД, д-р Евелин Фаркаш, при што беа разменети мислења за новата безбедносна закана која доаѓа од исток под името ИСИЛ, како и со директорот на Центарот за безбедносна соработка, RACVIAC, Бранимир Мандиќ на која се разговараше за идните проекти на овој Центар и продолжување и интензивирање на соработката со Министерството за одбрана и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.