четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 53

Јолевски: Границата заштитена, состојбата се следи постојано

јолевски

Последни вести

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски денеска при посетата на граничниот камен 59 кај Гевгелија изјави дека припадниците на АРМ кои ја обезбедуваат нашата јужна граница со Грција се распоредени на најкритичните места долж границата од Моин до Николиќ.

Тој додаде дека војската функционира како што треба, како и дека границата е добро обележана и заштитена.

Јолевски потенцира дека состојбата сега е помирна, но дека и понатаму постојано се следи ситуацијата за да може соодветно да се реагира.

Продолжувањето на кризната состојба од страна на Парламентот до крајот на оваа година, како што истакна Јолевски, според груба проценка направена во генералштабот на АРМ ќе чини дополнителни средства, односно за ангажманот на војниците на границата во овој обем до крајот на годината ќе требаат дополнителни осум милиони евра.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски го потврди своето присуство на состанокот во Виена со колегите од земјите на централна Европа и заподнобалканската рута од кој очекува да се постигне договор со колегите за идните чекори во управувањето со бегалската криза и начинот на помагање.

Најчитани вести