Јолевски-Хојт Ји: Македонија продолжува со реформите во одбраната

ји

На средбата министерот Јолевски информирал за реформите во одбраната, за модернизација на АРМ која е целосно во согласност за НАТО стандардите, за учеството на припадниците на АРМ во НАТО и другите мировни мисии. Информирал и за процесот за изработка на нова Стратегија за одбрана на Република Македонија и Стратегиски преглед на одбраната.

Јолевски, како што се додава во соопштението, информирал за лидерството на Македонија во регионалната соработка во областа на одбраната. Скопје од пред две недели е седиште на Штабот на регионалните наменски медицински сили, а министрите за одбрана од регионот во Рим минатата недела донесоа одлука Штабот на мултинационалната бригада за југоисточна Европа да биде во Македонија.

На средбата истакнал дека интеграцијата на Република Македонија во НАТО е значајна како за стабилноста на земјата, така и за регионот и пошироко Европа, и затоа е потребно да и се упати покана за членство во НАТО. Македонија докажа, нагласил министерот, дека го заслужува местото во Алијансата и со нејзиното учество во мировните мисии на НАТО, со начинот на справување со мигрантската криза, како и со нивото на интероперативноста до НАТО армиите.

Македонскиот министер за одбрана остварил и работна средба со поранешни функционери од администрацијата на САД, експерти од областа на одбранбената политика и безбедност, и претставници од тинк-тенк заедницата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.