Македонија

Јолевски и Наумовски се сретанаа со Иванов

Јолевски и Наумовски се сретанаа со Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска ги прими Зоран Јолевски и Васко Наумовски, досегашниот и идниот пратеник на Македонија за разговорите со Грција за надминување на разликата околу името под покровителство на Обединетите нации.

Претседателот Иванов на Наумовски му посака успешно вршење на должноста.

На средбата новиот пратеник во разговорите за разликата околу името беше запознаен со досегашните активности во рамки на процесот што се води под покровителство на ОН.

Претседателот Иванов на Јолевски му се заблагодари за севкупниот негов досегашен ангажман и за сите остварени активности како пратеник во разговорите за разликата околу името.