недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 9

Јолевски: Интензивно работиме за покана за НАТО

jolevki

Поврзани вести

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска и ја честита поканата за членство на Црна Гора во НАТО и изрази уверување дека поканата за Република Македонија ќе дојде наскоро за што, нагласи, интензивно се работи.

Одговарајќи на новинарско преашање дали со зачленувањето на Црна Гора во НАТО, Македонија ќе остане единствена изолирана во регионот иако ги исполнува сите можни критериуми, Јолевски дециден дека Македонија ќе продолжи на патот за целосна интеграција во Алијансата.

– Република Македонија ги исполни условите за да добие покана за полноправно членство во Алијансата уште во 2008 година на Самитот во Букурешт, но, заради познатата пречка ние се уште не можеме да ја добиеме поканата, изјави Јолевски по денешното садење дрвца во кругот на Воено медицинскиот центар во Скопје.

Тој потсети дека вчера Собранието на РМ донесе одлука за нова ротација на припадници на АРМ во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан, со што, истакна, покажуваме дека сме целосно посветени на овој процес.

Најчитани вести