Македонија

Јолевски: Македонија има поддршка од Канада за членство во НАТО

Јолевски: Македонија има поддршка од Канада за членство во НАТО
Јолевски во Брисел
Република Македонија ја има поддршката на Канада за членство во НАТО. Ова го соопшти македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски, по состанокот со канадскиот министер за одбрана, Џејсон Кени, на маргините на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел со земјите-контрибутори во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Јолевски и Кени ја зацврстиле одличната соработка на ниво на одбрана меѓу Македонија и Канада, а првиот човек на канадската одбрана ја ветил и безусловната поддршка од оваа земја-членка на НАТО за членство на нашата земја во најголемата воено-политичка организација на светот.
            
– Оваа моја посета на седиштето на НАТО во Брисел ја искористив за повеќе билатерални средби со моите колеги-министри за одбрана од земјите-членки на НАТО. Имав одделна и многу корисна средба со министерот за одбрана на Канада, Џејон Кени. На средбата, тој ја искажа поддршката на Канада за покана на Република Македонија да стане членка на НАТО, потенцира Јолевски во изјава за МИА.
            
Македонскиот министер за одбрана, денеска имаше и свој настап пред земјите-членки на Алијансата во рамки на НАК, а во однос на мисијата во Авганистан и учеството на македонската армија во неа. Според Јолевски, договорено е сегашната мисија Одлучна поддршка да трае до крајот на идната година.
– Денешниот министерски состанок на Северноатлантскиот совет (НАК) на НАТО на кој присуствуваа министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО и земјите-контрибутори во мисијата Одлучна поддршка во Авганистан, беше посветен на состојбите во Авганистан со напредокот во оваа мисија. Беше договорено да се следи состојбата во Авганситан и во поглед на развојот на состојбите, ќе се одлучи за преминот во втората фаза на оваа мисија што засега е одлучено да трае до крајот на 2016 година, потенцира Јолевски.
Како што е познато, Република Македонија уште од Самитот на Алијансата во Букурешт во 2008 година е земја што ги исполнува сите услови за членство во НАТО, но поради грчкото вето, се уште не може да стане полноправен член на оваа организација.