недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 32

Јолевски: Македонија останува посветена на европската безбедност

Настаните во изминатите две години и мигрантскиот бран покажаа дека земјите од Централна и Југоисточна Европа се меѓу себе зависни во поглед на безбедноста, затоа потребно е да бараме одговори на заедничките предизвици, порача министерот за одбрана Зоран Јолевски на денешниот министерски состанок на Централно европската одбранбена соработка и дел од земјите од Југоисточна Европа, кој се одржа во Виена, Австрија.

безбедност

Поврзани вести

Пред министрите за одбрана на земјите-членки на Централно европската одбранбена соработка, како и Србија и Црна Гора, Јолевски, како што соопшти Министерството за одбрана, посочил дека стратегиските цели на Република Македонија се членството во НАТО и во Европската Унија, за што постои и силна јавна поддршка.

– Време е Европа стратегиски да размислува за безбедноста и стабилноста, и Македонија да биде што поскоро интегрирана во евроатлантските структури. Македонија ќе продолжи со спроведување на реформите во сите области и исполнувањето на политичките и економските критериуми, бидејќи тоа е подеднакво за граѓаните, но и за евроатлантските интеграции, рече министерот Јолевски.

Информирајќи за придонесот на Република Македонија кон глобалната, европската и регионалната безбедност, министерот Јолевски посочи дека државата е подготвена за ефикасна и практична билатерална и регионална одбранбена соработка на земјите од Централна и Југоисточна Европа.

Министерот Јолевски во делот на своето обраќање посветен на предизвиците од мигрантската криза укажал на потребата од поблиска соработка. Воедно истакнал дека постои „неопходност за сеопфатна стратегија и политикана ЕУ кон мигрантската криза, кон безбедносните предизвици, како и потреба од размена на информации, биометриска регистрација на сите мигранти, како и размена на овие податоци“.

– Фактите говорат дека денес имаме помалку мигранти кои се движат кон Европската Унија, отколку во 2015 година, дека нема масовни групи на мигранти, но дека исторемено се интензивираа обидите за недозволен транзит, односно шверц на лица во мали групи. Од почетокот на годината до крајот на месец септември спречени се околу 34.000 илегални мигранти во обид за илегален влез на македонско-грчката граница, посочил Јолевски.

Во тој контекст министерот се заблагодарил за помошта од полициските службеници од Австрија, Хрватска, Чешката Република, Унгарија, Полска, Словачка, Словенија и Србија, кои е распоредени на границата на Македонија.

– Сите земји на т.н. „балканска рута“ на мигрантите реагираа брзо и координирано. Во 2015 и 2016 година имавме многу интензивна комуникација, консултации и заеднички акции на билатерален и регионален план, додал министерот Јолевски на состанокот.

Најчитани вести