Македонија

Јолевски на конференција за учеството во мировни мисии на ООН

Јолевски на конференција за учеството во мировни мисии на ООН

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ќе земе учество на дводневната конференција за Зголемено учество на земјите од Западниот Балкан во мировните мисии на Обединетите нации, што се одржува во Белград каде што ќе има и свое обраќање.

На конференцијата учество ќе земат над 120 високи претставници на земјите од Западниот Балкан, односно на Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, земјите пертнери, меѓу кои и САД, Германија, Франција, Норвешка, Кина, Русија и меѓународните организации, како Обединетите Нации, Европската унија и НАТО-алијансата. Како претставник на Обединетите нации ќе присуствува и раководителот на Одделот за мировни операции на ООН, Херве Ладсу.

Тркалезната маса која е во организација на Одделот за мировни операции на Обединетите нации, Интернационалниот мировен институт, во соработка со Република Србија и Канцеларијата на ООН во Белград има за цел да ги собере претставниците на земјите од Западниот Балкан и официјалните лица на ОН и партнерите, за развивање дискусија за идниот придонес на земјите од регионот во мировните мисии на Обединетите нации.