Јолевски на средба со чешкиот колега Стропницки

Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски денеска во Прага ќе се сретне со неговиот чешки колега Мартин Стропницки.

Како што соопшти чешкото Министерство за одбрана, тема на разговорите ќе биде сублимирање на резултатите на соработката во областа на одбраната и можноста за нејзиниот понатамошен развој во наредниот период.

Министрите ќе продолжат да се посветуваат на сегашните и идните трендови во секторот на одбраната во двете земји и прашањата на чешко-македонските односи воопшто, се вели во соопштението.

Исто така, двајцата министри за одбрана ќе разговараат и за одделни прашања од надворешната политика од взаемен интерес.

МИА