Македонија

Разговорите за името ќе продолжат под покровителство на ОН

Разговорите за името ќе продолжат под покровителство на ОН

Членството на Македонија во НАТО останува највисок приоритет во надворепната политика на Македонија, оценува амбасадорот Јолевски, пренесоа медиумите.

„Следниот период, целосно ќе се посветам на остварување на оваа цел“, изјави Јолевски за Гласот на Америка на македонски јазик.

„Македонија останува посветена за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение кое ќе го заштити македонскиот идентитетот и дигнитетот. Се договоривме Нимиц да продолжи со неговиот план наскоро да ги посети Скопје и Атина“, посочи Јолевски во интервјуто.

„Го информирав медијаторот Нимиц за мојата нова функција, се договоривме разговорите да продолжат под покровителство на Обединетите нации, изјави за Гласот на Америка на македонски“, амбасадорот Зоран Јолевски кој е номиниран за нов министер за одбрана.